Достапни линкови

Лисабон: Самит на ЕУ и Африка


Во Лисабон викендов ќе биде одржан самит на Европската Унија и Африка на кој европските и африканските лидери се очекува да усвојат заедничка стратегија во областа на мирот и безбедноста, демократијата и човековите права, трговијата и развојот, климатските промени, енергетиката, миграцијата и вработувањето. Исто така е предвидено да биде утврден акциски план, кој определува осум приоритетни партнерства што Европа и Африка треба да ги реализираат во текот на наредните три години до следната средба, предвидена за 2010 во Африка. Речиси три илјади полицајци и жандарми ќе го обезбедуваат форумот поради анти глобалистичките протести чии движења организраат паралелниот форум. Лисабон ќе престојуваат и македоснкиот премиер Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG