Достапни линкови

Мерките претежно социјално ориентирано, потребни се развојни проекти, препорачуваат експертите


Владата намени 11 милиони евра за вработување и за социјални станови, а со 4,4 милиони евра помош, ЈСП ќе купи нови автобуси за градскиот превоз. Дел од економистите коментираат дека во однос на парите што деновививе се одобруваат може да се каже дека владата е претежно социјално ориентирана, на сметка на економските програми.

„Се помалку треба владата да се ориентира кон социјални програми, а се повеќе кон капитални инвестиции кон економска димензија, ако сака да го задржи буџетот како економски инструмент, ако сака исклучиво како социјален, тогаш е друга работа. Меѓутоа, знаете дека оваа влада има друга ориентација по нејзината политичка програма, а не да води социјални програми.“

Други сметаат дека во денешно време, генерално може да се зборува за прилично големо приближување на економските и социјалните политики, но дека битно е прашањето дали навистина ќе се искористи износот за којшто е наменет:

„Во денешно време ретко е економските мерки да се исклучиво економски, а социјалните исклучиво социјални. Така што, многу тешко може да ги разграничиме. Она што може конкретно да се каже во конкретнава ситуација е дека тешко може да се очекуваат големи развојни ефекти од толку мала сума пари. Но, од друга страна не е лошо ако одреден број лица може да го решат своето економско и социјално прашање. Сега, прашање е колку тие износи може да се реализираат за други претприемачки идеи.“

изјавија доцент Сашо Арсов од Економски Факултет во Скопје Професорот Абдулменаф Беџети од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Дел од владините пари треба да послужат за релизција на иднивидулани претприемачки идеи. За секој проект е непоходна соодветна опрема, идеи, квалификации и струка и во таа насока прашање е дали износот од три илајди евра може да се искористи за намената смета професорот Арсов.

Според професорот Беџети, единствена арзвојна димнизија во буџетот се парите наменети за капитални инвестиции а како што вели тоа не е изразено како што беше најавено

„2007 година не повеќе од 75 насто се остваруваат наменските програми за развојни цели.“

Она што во секоја земја владата го прави е пред се да обезбеди услови во доменот на инфраструктурата како што е патната И енергетската како И во општесвената инфраструктура преку обезбедуавње соодветно обарзоавние , за да може стопаснтвото со своите инвестиции да ги постигне стпките на арзвој што се очекуваат вели Арсов За тоа во колкава мера државата го постигнува тоа тој вели

„Владата како што најави за идната година, вложувања во патната инфраструктура, лани акцентот го стави на енергетиката, намалување на даночните стапки и други оптоварувања, процедури. Прави она што треба да се направи. Останува понатаму, други фактори како политичката стабилност, економската стабилност и бизнис секторот колку е способен да генерира нови проекти.“
XS
SM
MD
LG