Достапни линкови

Не очекувам големи насилства, но ќе има инциденти од помал размер, вели Џејмс Лион од МКГ


Што по 10 декември кога преговарачката тројка на Контакт групата ќе го поднесе извештајот до Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки МУН за резулатите од преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово. Косовските албанци не сакаат да ги продолжат преговорите, додека Белград се залага за натамошни разговори. За очекувањата, за развојот на идната ситуација Слободна Европа разговараше со Џејмс Лион советник на Меѓународната Кризна Група со седиште во Белград.

Финалната рунда од преговорите неуспеа. Преговарачката тројка ке поднесе извештај до Обединетите Нации на 10 декември. Косовските лидери се готват да прогласат независност. Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека доколку косово го направи овој чекор, Белград ќе ги искористи сите дипломатски и легални мерки да ја анулира оваа декларација. Прашањето е постои ли можност од големи насилства. Џејмс Лион советник на Меѓународната Кризна Група со седиште во Белград вели дека не очекува формални воени движења на српски трупи во Косово, но загриженост постои за насилства на понизок степен, како од парамилитарни групи. Лион ја наведува загриженоста за можно прелевање на кризата во северна Македонија и јужна Србија во Прешевската долина. На прашањето какви ќе бидат првите денови по декларацијата за независност на Косово советникот на Меѓународната кризна група во Белград Џејмс Лион вели.

„Јас мислам дека Белград веројатно ќе соопшти мерки против албанскиот дел од Косово. Се сомневам дека Блеград ке објави оти тие ја прекршиле резолуцијата 1244 на Обединетите Нации и дека се одвоиле од Србија. И тогаш во фокусот ќе дојде поделбата која веќе се случува на Косово. Северниот дел ќе изрази приврзеност кон резолуцијата 1244 и српската сувереност.“

Од оваа точка Белград можеби ќе ги скрати Телефонските услуги, можеби електричната енергија. Можеби ке ги затвори границите. Не знаеме што точно , но сигурно можеме да очекуваме лута реакција, која не треба да биде потценета од Меѓународната заедница, вели Лион.

„Очекуваме дека Соединетите Држави ќе ја признаат косовската независност на брз начин заедно со Британија, Франција, Германија и Италија. Веројатно потоа ќе следат и другите членки на Европската Унија со исклучок на Кипар, Грција и Романија. Можеби и Бугарија.“

Што со Русија која и натаму останува на своето противење на косовската независност.

„Има многу прашања за тоа што треба на Русија да и се даде за да ја подржи меѓународната заедница на Косово. Проблем е што никој не знае што сака Русија. Можеби не сака ништо. Можеби сака да се држи на оваа линија на Западот за да превземе слични акции во своето опкружување надвор од Советот за Безбедност. Клучот е што Русија е во добитничка позиција бидејки нема што да загуби.“

Во секој случај патот на Косово ќе биде долг, пред се на домашен план за изградба на институциите на системот.
XS
SM
MD
LG