Достапни линкови

Вашингтон: ЦИА призна уништување на видео ленти на кои било прикажано испитување за тероризам


ЦИА призна дека уништила видео ленти на кои било прикажано испитување на две лица осомничени за тероризам. Директорот на ЦИА Мајкл Хајден во писмо соопштил дека двете снимки биле направени во 2002 во таен затвор, а биле унишетени во 2005 за да не биде откриен идентитеот на американските испитувачи. Меѓутоа, според Њујорк Тајмс снимките се унишетени поради тоа што содрќеле тешки методи на испрашување. На една од нив бил Абу Зубадија шеф на Ал Каеда за регрутирање. Шефот на ЦИА Хајден изјави дека Конгресот бил свесен за овие ленти и нивното уништување. За шефот на Сенатскиот комитет за судство Патрик Лајхи уништувањето на лентите е проблематично. Американската Унија за цивили слободи и Хјуман Рајтс Воч ја обвини ЦИА за илегално уништување на докази.
XS
SM
MD
LG