Достапни линкови

Неопходно е да се спроведе систем на вреднување за да се создаде мала администрација


И покрај обврските за намалување на бројот на вработени во државната управа и воспоставување на мала и ефикасна јавна администрација, за наредната година од буџетот се предвидени дополнителни околу 100 милиони денари или повеке од милион и пол евра за плати и надоместоци. Од министерството за финансии информираат дека од буџетот за 2007 година за надоместоци и плати биле одвоени 24 милјарди и 340 милиони денари, а за наредната 2008 24 милјарди и 430 милиони денари. Забелешки за зголемување на бројот на државните службеници има и од опозициските партии, а бројките од буџетот, вели стручната јавност, укажуваат дека не се работи доволно на постигнување на целта, формирање на ефикасна администрација, а во мегувреме и реализирање на обврската од охридскиот договор праведна и соодветна застапеност на припадниците на заедниците. Експертите порачуваат за ова неопходно е да се спроведува системот на вреднување, кои додаваат дека на тој начин ке се намали и вилјанието на политиката во овој сегмент:

„Овој систем на кариера, ќе доведе токму до тоа, да се намали политичкото влијание и партизацијата на државните службеници, бидејќи како што реков нема да може да се вработуваат однадвор директно на високи позиции, туку ќе мора да се почне од почеток. И тоа не е спротивно на Рамковниот договор. Значи без оглед дали ќе се вработи лице кое е припадник на заедниците сеедно, новопримениот ќе мора да почне од оздола.“

Вели професор Ана Павловска Данева експерт за управни прашања.
Таа смета дека се потребни и законски измени во насока на намалување на државните органи како министерствата на тој начин што дел од функциите што се спроведување на политиките да се пренесат на посебни агенции што ги основа државата, но вработените не се со статус на државни службеници и нивните плати не се финансираат од буџетот со што ке се растовари буџетот. Такви веке и има како МАПАС, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Антимоноплоската комисија и слично. Потребно е и укинување на некои функции:

„Политички именувани лица да останат само минитерот и заменик министер воопшто да нема бидејќи тоа е само кај нас измислена функција која никаде во светот ја нема и служи само за политички пазарења помеѓу коалициите во една влада.“

Изјави професор Данева.
Инаку официјалните бројки говорат дека буџетски корисници се околу 10 илјади лица од државната управа или главно министерствата и околу 100 илјади во јавната администрација каде се вклучени и вработените во здравствениот сектор, полицијата и слично
XS
SM
MD
LG