Достапни линкови

Важно е да функционираме внатрешно, советуваат експертите


Важно беше да ги донесеме законите на кои инсистира мегународната заедница, но и да покажеме дека може да се постигне консензус мегу сите за важните државни прашања -велат политичарите.Ваквиот коментар доага откако по постигнатиот договор мегу партсиките лидери собранието на почетокот на неделава ги усвои законите за јавно обвинителсто, совет на јавни обвинители и комитетот за мегутенички заедници и 45 закони кои ке се гласаат со Бадентер.
Овие настани се добар знак вели Џеват Адеми од ДУИ.Според него сепак не е добро што се покажа дека може да се постигне договор само тогаш кога нема друго решение:

„Сметам дека и фактот дека четворицата лидери се договорија и фактот дека договореното се спроведе е добар знак. Двете неможам да ги делам, ги третирам заедно и е добар знак и за нашите пријатели меѓународната заедница.“

вели Адеми и додава дека е неопходно лидерите да продолжат со вакво темпо:

„Не мислам дека овие три закони се центарот на светот. Ако имавме доблест да се договараме за овие закони, тоа е добар сигнал дека можеме да се договараме и за другите проблеми.“

Со слично мислење и Оливер Шамбевски од ВМРО ДПМНЕ:

„Законот за јавното обвинителство е еден од клучните закони и самата потреба од двотретинско мнозинство го кажува тоа, но и добрата воља која што ја демонстрираа лидерите на партиите за да се договарат.“

Постигнатиот договор е лекција по демократија оценува профеосорот од правниот факултет Татјана Каракамишева.Политичарите од ова треба да научат дека политиката е еднаква на консензус и дијалог - додава Каракамишева.

“Политичарите мора да се научат дека позитивните сигнали не се толку битни, какви сигнали ние ќе упатиме надвор, треба да знаеме прво да се договориме внатре во државата и тоа да биде буквално правило без исклучок. Значи мораме да се научиме да водиме политика на современ, демократски начин.“

Отворено прашање кое што остана од птеочната лидерска средба а на кое инсистираше мегународната заедница пред нашата покана за НАТО е докомплетирањето на судкиот совет.Тогаш беше договорено за две недели лидерите да ги испитат законските можности за решавање на овој проблем.Остана и законот за јазици и за правата на борците на ОНА кои ги рагледуваат работните групи.
XS
SM
MD
LG