Достапни линкови

Сите настојуваат да профитираат во остварување на националните интереси, сметаат експертите


Белград ја помогнал акцијата на МВР во Бродец или зад криминалците стоеле српски сили - Македонија е погодно тло велат дел од аналитичарите за да влета во ваквата расправа која деновиве се одвиваше во Брисел мегу српскиот вицепремиер Џелик и премиерот на Косово Чеку. Дел од регионалните проблеми како што е решавањето на статусот на Косово но и домашните отворени паршања како границата со протекторатот и проблемот со името со Грција според универзитетскиот професор Трајан Гоцевски ја ставаат државата во состојба на безбедносен испит поради што таа е погодна за разни дебати

„Сите држави сега настојуваат да профитираат од оваа состојба во остварување на своите национални интереси. До сега се покажа дека во принцип во разрешувањето на клучни прашања од безбедноста на Балканот, Македонија е клучот, а тоа го покажува и оваа ситуација сега.“

Професорот од Универзитеот на Југоисточна Европа Назми Малики пак смета дека за да излеземе од мегусебните препукувања на Белград и Приштина неопходно да се спроведе парламентарна контрола на акцијата во Бродец

„Транспарентноста да биде поефикасна за да се затворат и ваквите изјави, особено за господин Агим Чеку, една комплетна неодговорна изјава, што внесува недоразбирања во регионалните погледи.“

Министертвото за внатрешни работи веке ги демантираше изјавите на Џелик дека српските сили ја помогнале акцијата во шарпланиското село. Кога државните структури вели Малики влегоа во дебата со преставници на други држави нејаснотии треба и докрај да се расчистат

„Како се снајдоа сега трите за еден проблем, што може имаше локален карактер, сега испадна дека се вклучени повеќе фактори и треба да се расчисти точно.“

Гоцевски и Малики со ралични мислења околку сериозноста на ваквите полемики.Според Гоцевски тие не се многу опасни за нашата безбедност

„Нашите пријатели како САД и НАТО многу суптилно ја следат оваа состојба и јас сум оптимист дека Република Македонија нема да влезе во безбедносна дестабилизација.“

Малиќи со став дека сериозно е што изјавите доагаат од челниците на Белград и Приштина

„Тоа се изјави од првите луѓе кои раководат со безбедносните структури и со владите, тогаш тоа се сериозни изјави.“
XS
SM
MD
LG