Достапни линкови

logo-print

Интензификација на разговорите, но не и чекор напред кон решение, оценува професор Љубомир Фрчкоски


По посетите на посредникот Метју Нимиц договорено следните средби да се одржуваат во Македонија и Грција, а министрите за надворешни работи Антонио Милошоски и Дора Бакојани да бидат домакини и да присуствуваат на нив, освен преговарачите Никола Димитров и Aдамантиос Василакис

„Во јануари, веројатно во Охрид ќе има средба на господинот Нимиц со двајцата специјални претставници во преговорите во присуство на Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски како домаќин,“

вели Сашо Кокаланов од Министерството за надворешни работи. Претставниците на политичките партии како оние учесници во власта, така и опозициските сметаат дека ова е чекор напред

„Тоа е чекор напред кон разрешување на 15 годишен проблем којшто го имаме со Република Грција.“
„Со тоа што ќе се помести местото и нивото на преговорите, мислам дека претставува исчекор од досегашната ситуација.“


изјавија Горан Мисовски од владеачката Нова социјалдемократска партија и Роза Топузовска Каревска од опозициската ЛДП.
Експертите пак сметаат дека овие измени само по себе не значат напредок

„Ова може да го толкуваме како интензификација на разговорите и поголем меѓународен фокус поставен на нив, но не како чекор напред само по себе, ако мислите дека тоа е чекор напред кон решение на спорот. Фокусот на домашните и меѓународната јавност ќе биде засилен на самите преговори, организираноста, обврските на страните, можноста од празни преговори и празни одови ќе се намали бидејќи одговорноста директно ќе ја носта министрите,“

изјави Љубомир Фрчкоски професор на Правниот факултет во Скопје
Во контекст на укажувањата од ДУИ дека во процесот треба да се вклучат и претставници на партиите на македонските албанци, политичарите велат важно е да има консензус, а го има кога е во прашање уставното име. Фрчкоски категоричен

„Јас сум сеуште против било какво формално вклучување на некоја друга групација, освен формалните претставници на власта одредени за тоа во преговорите, но може да се направи преку инклузивна метода на консултации и брзо брифирање, вклучување во дебатите, овде, кога се работи за т.н. конструктивни идни предлози или конструктивност на дискусијата.“
XS
SM
MD
LG