Достапни линкови

logo-print

Минхен: Активности на владата за привлекување странски инвеститори


Тимот Македонија - Координативното тело на Владата за инвестициона промоција на Република Македонија во странство, предводен од премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Инвест Македонија Виктор Мизо, денеска и утре ќе одржи Road Show во Штутгарт и во Минхен. Станува збор за продолжение на предвидените активности на Владата во рамките на кампањата за привлекување странски директни инвестиции и промовирање на Македонија. Како што соопшти владиниот сектор за односи со јавноста, во Штутгарт и Минхен, Тимот Македонија пред околу 200 реномирани германски и мултинационални компании ќе ги презентира економските политики, бизнис климата и погодностите за инвестирање во земјава.
XS
SM
MD
LG