Достапни линкови

САД сакаат затворање на сите прашања, Русија има интерес со Грција и Кипар, оценуваат експертите


Спротивните и јасно изразени позиции на Вашингтон и Москва за идниот стаутус на Косово според некои домашни аналитичари го потврдуваат интересот и влијанието на големите сили за регионов. Според Хисен Рамадани Косово не е проблем сам за себе и токму од таму проилегува интересот на големите сили

„Сето тоа на некој начин влијае на состојбите на целиот Балкан, а тоа се рефлектира пошироко и во самите нивни земји.“

Соединетите Америкаски Држави пак претходно преку подршка на Јадранска група се промовираа и како најголем подржувач на влезот на Македонија Албанија и Хрватска во НАТО. Аналитичарот Јован Донев смета дека интерост на Америка за регионов произлегува од фактот што низ Балканот поминуваат две кризни линии кои накрајот завршуваат во Азија

„За САД се исклучително важни централна Азија. Таму во моментов се најголемите наоѓалишта на нафта. САД нормално и ЕУ како што и другите сили не сакаат тоа така едноставно да го препуштат на нечии туѓи влијанија и од тие причини за да може да се концентрираат на прашањето на Централна Азија мора да ги затворат сите отворени прашања на Балканот.“

Според Донев од друга страна не може да се зборува за големо руско влијание конкретно во Македонија

„Прво, Македонија не е во таква ситуација. Ние не можеме и нема потреба во моментов да се одлепуваме од САД. Русија тоа многу добро го знае. И тие не се многу заинтересирани да бидат присутни тука. Освен тоа, на Русите им се многу поважни Грците и Република Кипар, поважни им се стратешки и подобро им служат, отколку Македонија.“

По оцената на запдните земји дека парламентарните извори во Русија биле не демократски и заладивањето на односите македонксиот минситер за надворешни работи Антниои Милошоски во интевјуто кое ке се емитува во недела вели дека нашата односи со Москва остануваат добри.Тој потенцира дека тие беа мегу првтите кои не признаа под уставно име

„Нивните избори се нивна внатрешна работа и мислам дека и понатаму ќе се обидуваме да воспоставиме што поблиску релации особено на економско ниво, бидејќи тоа е пазар што заслужува внимание. Република Макеоднија има за цел да стане земја која ќе биде препознатлива по економската соработка со одредени субјекти кои имаат потенцијал за тоа и во Русија гледаме еден партнер,“

вели Милошоски за нашето радио.
XS
SM
MD
LG