Достапни линкови

Четирите случаи од Хашкиот трибунал ќе ги преземеме најдоцна до почетокот на догодина


По изјвата на главната хашка обвинителка карла дел Понте дека Македонија прави се за да не ги добие назад четирите случаи од Хаг министерот за правда Михајло Маневски вели:

„Апсолутно не е точно. Напротив, ние правиме сериозно подготовки за квалитетно постапување и оспособување на кадарот за постапување и прифаќање на тие предмети.“

Министерот најавува превземање на предметите по завршување на обуките за судиите и обвинителите

„Штом заврши обуката, некаде кон крајот на годинава или почетокот на идната, зависи кога ќе заврши онуката на судиите и обвинителите што се остварува во рамките на таа програма и во Академијата за обука на судии и обвинители,“

изјави Маневски.

Познавачите на приликте велат имајки ја во предвид ситуацијата на Балканот воопшто, не е чудно што македонија не ги сака назад предметите. Експертите пак укажуваат дека вракањето на случаите е дел од еден поширок процес, помирување со конфликтното минато и целта е индивидуализација на вината на оние што сториле воени злосторства, тука идејата е да не се квалификуваат цели групи или нации како виновни. Но и покрај тоа, секогаш ова е поврзано со еден турбулентен процес во кој кај јавноста се будат сеќавањата, а кој мора да се случи

„Ние до сега купуваме време со тоа што ми се чини дека во одредени ситуации тоа и одговара на меѓународната заедница, а во одредени на домашната политика, да ги чуваме четирите случаи далеку од Македонија. Вината се наоѓа на разни страни, па дури и во сопственото судство, но за мене тоа се доста слаби изговори,“

изјави Билјана Ванковска професор по меѓународно хуманитарно право
За тоа какви ке бидат реперкусиите потребна е проценка колку државата е стабилна, а јавноста подготвена да се зборува за конфликтот. Таа смета дека во земјава шест години по конфликтот може да се каже дека владее доктрина на заборав, тогаш значи за ова време не е подготвувана јавноста дека ќе мора да се отворат овие прашања во кои се вклучени не само обвинетите, судството, туку и целото општество. Ванковска забележува:

„Ако едниот тест јавноста доста спокојно го минува, тоа се случаите во Хаг, тогаш се поставува прашањето зошто овие четири случаи би биле подраматични и повознемирувачки или дестабилизирачки за Република Македонија.“
XS
SM
MD
LG