Достапни линкови

Однесувањето во врска со Косово не доликува на суверена држава


Влијателниот свештеник на Српската православна црква, рашко призренскиот владика Артимие ги предупредува властите во Белград дека нивното однесување во врска со прашањето за статусот на Косово не и доликува на една суверена држава. Затоа тој предлага властите да преземат повеќе превентивни мерки, како например, мобилизација на резервистите.

Владиката Артемие предлага затворање на административната граница на Косово кон Србија и да се повикаат на мобилизација сите воени обврзници кои би имале вежби во близина на Покраината. Според него, би требало и да се организираат масовни демонстрации во Белград и во другите градови за да се покаже колку на србите им е важно Косово. Во сето тоа би требало да се ангажира и Српската православна црква, вели епископот Артемие, кој во изјавата за Радио Слободна Европа забележува дека ова се негови лични ставови, а не и на српската врква.

„Не да се чека ти„е нешто прво да направат, па ние да изреагираме, туку ние да си ја работиме нашата работа, а тие нека си ја работат својата. Јас не повикувам на насилство. Јас само повикувам на подготвеност за одбрана. Не велам дека Србија треба да војува, но треба да се брани. Тоа е сосема друга ситуација, друга причина. Не војува оној што се брани.“

Вели владиката Артемие на чија изјава реагира српскиот министерот за вера Радомир Наумов.

„Ние во Владата имаме наши ставови кои се јасни и јавни. Владиката го изнесува неговото мислење за кое исто така не наоѓам дека е екстремистички, туку едноставно малку поемотивно и поостро изразено. Не може тој да настапува во името на црквата.“

Владиката Артемие повеќе пати давал слични изјави, вели социологот Мирко Ѓорѓевиќ, додавајќи дека ваквите истапи претставуваат притисок врз државата да преземе радикални мерки.

„Точно е тоа дека моментално е големо влијанието на црквата во општетството воопшто па и во водењето на државната политика. Но ваквата изјава иако делува малку невообичаено нема да биде став и на црквата. “

И покрај повеќе пати повторените ставови на највисоките државни органи на Србија дека во решавањето на косовското прашање во никој случај нема да употребува сила, владиката Артемие смета дека секоја држава во ваква ситуација би реагирала со засилена воена активнсот.

„Прашајте некоја од демократските земји во Европа што би направиле ако некој им одзема петнаесет насто од територија со сила, па ќе ви биде јасно што Србија треба да прави. Србија може да биде нападната и таа мора да се брани, а не да капитулира.“

Со ваквите мерки што ги предлага епископот Артемие, според социологот Мирко Ѓорѓевиќ, не може да се постигне ништо:

„Оваа изјава сега може да нанесе голема политичка штета во настојувањата да се најде некое компромисно одржливо решение.“

Вели Ѓорѓевиќ, додавајќи дека без оглед на тоа каков ќе биде статусот на Косово, од интерес на Српската православна црква е да остане таму и да соработува со тамошните власти.
XS
SM
MD
LG