Достапни линкови

Њујорк: Извештајот на посредничката тројка на 19 декември пред Советот за безбедност на ОН


Советот за безбедност на Обединетите нации на 19 декември, во присуство на претставници на Србија и на косовските Албанци, ќе го разгледува извештајот на посредничката „тројка“ на Контакт-групата, за четиримесечните преговори меѓу Белград и Приштина. Ден потоа амбасадорите на извршното тело на Светската организација за тоа прашање неформално ќе разговараат и со генералниот секретар Бан Ки-мун. Италијанскиот амбасадор при ОН, Марчело Спитафора, чија земја во декември претседава со СБ, рече дека Косово, Иран и Сомалија ќе бидат централните теми на престојните дебати во Советот за безбедност. Тој појасни дека до крајот на годината Косово уште еднаш ќе се најде на дневен ред пред амбасадорите на 15-те држави-членки на Советот за безбедност, бидејќи на распоред е разгледување на тримесечниот извештај на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер за состојбите на Косово.
XS
SM
MD
LG