Достапни линкови

Приштина: Рикер ќе ги потврди официјалните резултати од изборите на Косово


Шефот на УНМИК Јоаким Рикер денеска ќе ги потврди официјалните резултати од изборите на Косово и ќе донесе одлука за тоа кој ќе управува со пет општини во кои мнозинство се Србите, со оглед на тоа дека повеќето од нив ги бојкотираа изборите, најави портпаролот на мисијата Александар Иванко. Тој не сакаше да шпекулира дали Србите ќе ја задржат или загубат власта во општините Зубин Поток, Звечан, Лепосавиќ, Ново Брдо и Штрпце. Инаку, најмногу гласови на изборите доби Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, кој вчера изјави дека косовските институции ќе се консолидираат што е можно поскоро.
XS
SM
MD
LG