Достапни линкови

Промени во училиштата нема, гледам само реклами на ТВ


Момче што станува туристички водич благодарение на тоа што знае англиски јазик е само еден од рекламните спотови на владината кампања чија цел е да ги мотивира младите луѓе да учат. Ваквиот тип на промоција за вклучување во сите нивоа на образованието е позитивен чекор, но само доколку кампањата е пропратен елемент од стратегијата за развој во одредена област, велат упатените.

„Кампањите треба да придружуваат и да бидат дел од пошироката дебата за проблемите кон кои кампањата е насочена. Значи, не можеме само да спроведуваме кампања заради кампања.“

Треба да се оценат ефектите, на пример, дали сите навистина би можеле да партиципираат во задолжителното средно образование, затоа што се покажува дека за голем број лица кои живеат со примања под просек, училишните трошоци се јавуваат како проблем, вели професор Маја Геровска од филозофскиот факултет во Скопје:

„Државата исто така сакајќи да ја подигне свеста кај луѓето, во доменот на образованието и здравството и да направи одредени програми задолжителни, од друга страна пак оние кои во најголема мера не може да се приклучат на тие проблеми се условувани.“

Професор Викторија Вујовиќ, директор на клиниката за психијатрија смета дека за да може да се екефтуираат кампањите треба да содржат елементи според кои младите би можеле да се препознаат:

„Значи, луѓе кои се блиски до младата генерација, како би можеле да познаат дека тоа се случува тука. И нормално, да се промовира делот на давање стипендии за сите кои сакаат да се надоградуваат, а не се во можност да се самофинансираат.“

Ваквиот тип промоција до сега беше оставен на секој поединечно, но зад кампањата треба да има цврста оцнова, велат младите:

„Факт е дека странски компании бараат образивани луѓе“
„Ми се допаѓа што некој најде за сходно да го промовира образованието.“
„Не гледам промени во самото училиште, гледам само реклами на ТВ.“
XS
SM
MD
LG