Достапни линкови

Кабул: Десетина повредени цивили во самоубиствен напад


Авганистанските власти соопштија дека во денешниот самоубиствен напад врз конвој со возила во Кабул имало десетина повредени цивили. Целта на нападот, според властите, биле неколку возила на НАТО кои се движеле кон аеродромот. Немало повредени меѓу војниците на Алијансата. До ова дојде во моментот кога во Кабул престојуваше американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс.
XS
SM
MD
LG