Достапни линкови

logo-print

Поддршката од Кина е добредојдена, оценуваат експертите


Косовското прашање, кинеска поддршка за употреба на уставното име и економската соработка, се главни теми на кои претседателот Бранко Црвенковски за време на посетата на Кина ке разговара со кинескиот претседател Ху Џинтао, премиерот Ву Бангуо и со претседателот на Секинескиот народен конгрес Вен Џибао. Од кабинетот на претседателот информираат дека двајцата претседатели ке потпишат спогодба за пријателство и соработка во повеке области. Мегудругото со неа Кина ке се обврзе за поширока поддршка за употреба на уставното име во ситемот на Обединетите нации, за разлика од досега само билатерално признавање на името. Ова е важно велат оттаму, бидејки Кина е една од петте постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации, а таму под уставното име не имаат приознаено и Русија и Соединетите држави, но не и Велика Британија и Франција. За тоа како практично Кина ќе може да помогне кога станува збор за уставното име професорот на Правниот факултет Денко Малевски вели:

„Тие евентуално би можеле нам да ни помогнат, доколку тој проблем дојде на Советот за безбедност. Меѓутоа, вратари во тој совет за безбедност се двајца претставници на ЕУ, тоа се Велика Британија и Франција, коишто исто така имаат свои интереси виза ви Грција, така што големо е прашањето како тие држави ќе се однесуваат.“

Важноста на Кина како членка на Советот за безбедност е и во контекст на косовското прашање, бидејки освен Русија која јасно се противи на независноста на покраината, тука е и Кина која има слично прашање, а тоа е Тајван. Затоа велат од кабинетот на шефот на државава треба да се следи нејзиниот став. Аналитичарите пак сметаат дека поради безбедносните прашања во регионов, потребна е поддршката од земја како Кина

„Добро е една земја која сеуште има проблеми со својата безбедност да ги има за пријател членките на Советот за безбедност, коишто се грижи за светскиот мир. Според тоа, добро е да се биде пријател со една земја како што е Кина.“

вели професор Малевски.

Со цел интензивирање на економската соработка, претседателот Црвенковски освен Пекинг, ке посети уште два економски силни региони Шангај и Гуанџоу.
XS
SM
MD
LG