Достапни линкови

Голем интерес на велешките матуранти за полагање пробна матура


Голем интерес на велешките матуранти за полагање на пробна матура, ова се должи на континуираното едуцирање на учениците од страна на менторите, вели Панче Иванов директор на Економското училиште „Јовче Тесличков“:

„Конечно да се разбие таа „фама“ околу матурата и учениците да видат на лице место како изгледа да се полага да ги видат прашањата и да видат дека навистина можат да одговорат на таквите барања.“

Во Гимназијата „Кочо Рацин“ сите ученици од четврта година на 5 и 6 ќе полагаат дел од пробната државна матура. Анкетираните ученици велат дека нивната одлука се должи на желбата за проверка на сопственото знаење:

„Да видиме на кој начин ќе се спроведе, како ќе биде и на матурата која ќе биде главна.“

„За пробната матура се одлучив за да бидам посигурна и да знам како би изгледал матурскиот испит.“


Полагањето на матура нема за цел само проверка на знаењето на матурантите, велат Стеванка Богоевска и Гоце Алексов директори на гимназијата „Кочо Рацин“ и на електро-машинското училиште „Коле Неделковски“:

„Целта е да се провери техниката, бидејќи учениците ќе полагаат под шифра, како ќе оди примопредавањето на материјалите, имаме ли одговорност како луѓе кои што се вклучени како оценувачи.“

„Оваа пробна матура ја користат за преспитување на сопствениот дел, на софтверот, на целата оваа концепција за да може вистинската државна матура во јуни да стартува и да се полага во вистинска смисла.“


Прашањата по кои што ќе полагаат матурантите ги подготви Државната матурска комисија, Бирото за развој на образованието ги обучи текстаторите и оценувачите, а резултатите за разлика од минатата година овој пат ќе бидат објавени, но нема да имаат влијание на оценките на учениците по предметите кои што ги полагаат, македонски јазик и изборните математика или странски јазик.
XS
SM
MD
LG