Достапни линкови

Москва: Во Русија денеска се одржуваат парламентарни избори


Во Русија денеска се одржуваат парламентарни избори. Околу 107 милиони гласачи избираат 450 пратеници за Државната Дума, од редовите на 11 партии. Според истражувањата на јавното мислење се очекува победа на партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин. Гласачките места најпрво беа отворени на истокот од земјата во Чукотка и Камчатка, каде веќе заврши гласањето, а последното избирачко место ќе биде затворено во западниот дел од Русија во Калинград. Изборите ги следат 330 странски набљудувачи, но меѓу нив не се и набудувачите од ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG