Достапни линкови

logo-print

Анкара: Турската армија презеде операција против курдските бунтовници


Курдски претставници негираат дека турската армија извела операција во Северен Ирак, отфрлајќи ги при тоа како неосновани тврдењата од Анкара дека им биле нанесени ,,значителни загуби,,. Вчера турската армија соопшти дека извела операција против 50-тина курдски бунтовници во Северен Ирак, нанесувајќи им сериозни загуби. Во операцијата како што соопшти армијата била вклучена и артилерија и воздушни сили. До операцијата дојде еден ден откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека владата одобрила прекугранични операција против бунтовниците од Курдската работничка партија.
XS
SM
MD
LG