Достапни линкови

Луцерн: Одредени составите за Европското фудбалско првенство


Денеска во Луцерн, преку ждрепка беа одредени составите за Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Австрија и Швајцарија следната година. Во групата А ќе играат: Швајцарија, Чешка, Португалија и Турција. Во групата Б се Австрија, Хрватска, Германија и Полска. Во Групата Ц ќе се натпреваруваат Холандија, Италија, Романија и Франција, а во групата Д ќе играат Грција, Шведска, Шпанија и Русија. Инаку фудбалерот на Милан, бразилецот Кака денеска ја доби наградата ,,златна топка,, за најдобар фудбалер на Европа за 2007 година, која ја доделува спипанието ,,Франс фудбал“.
XS
SM
MD
LG