Достапни линкови

Македонија нема да биде меѓу првите земји кои ќе ја признаат независноста на Косово


Македонија нема да биде меѓу првите земји која што ќе го признае Косово во случај на еднострано прогласување на независнот, изајви претседателот Црвенсковки по денешната средба со неговиот косовски колега Фатмир Сејдиу

„Сосема разбирливо Република Македонија нема да биде првата земја што ќе ја признае независноста на Косово. Ние немаме намера да ја прејудицираме одлуката на НАТО и ЕУ, туку да ја следиме политиката на НАТО и ЕУ, тоа е единствениот логичен след на чекори што можеме да го спроведуваме.“

Голем проблем за самата Европска Унија би било доколку за клучно прашање како што е идниот стаус на Косово нема заеднички став рече Црвесковки во врска со прашањето како би постапил домашниот државен врв во тој случај

„Сметам дека ЕУ и заради себе и заради сериозноста на ова прашање ќе има единствен став и дека многу скоро тој став ќе биде и соопштен.“

За евентуална унилатералло прогласување на независнот сејдиу рече дека пред се ке се консултираат со своите пријатели однсоо со мегународната зедница

„И не можам да одредам точен датум во моментов, но можам да кажам дека тоа ќе се случи многу брзо како резултат на оваа соработка. За нас е многу важно што имаме постојана координација со Вашингтон и исто така со нашите пријатели, во случајот и со Македонија и има многу добри можности за сето ова. “

Како што инфоирмираа двајцата претседатели на средбата уште еднаш се потврдил официјалниот став на Скопје дека го подржува планот на Ахтисари и дека најдобро решение би било процесот да биде завршен со резолуцијата на Советот за безбеднсот на Обедениете Нации. Сејдиу се заблагодари за коструктивниот однос на Македонија во решавањето на статусот

„Македонија ја докажа својата поддшка за Косово и за народот на Косово. Ние заблагодаруваме на поддршката на Македонија во однос на планот на господинот Ахтисари за решавање на статусот на Косово.“

Инаку денеска за прв пат претседателот Црвесковски прими косовски претседател.Покрај со шефот на државава Сејдиу денот го искористи и за разговори со преставниците на најголемите политички партии, претседателот на собраието и премиерот.
XS
SM
MD
LG