Достапни линкови

Љубљана: Решавањето на статусот на Косово позитивно ќе влијае на регионот и Македонија


Определувањето на конечниот статус на Косово, несомнено позитивно ќе се одрази на условите во регионот, особено врз Македонија, нагласи словенечкиот пратеник во Европарламентот и претставник на европската Асамблеја за Југоисточна Европа, Јелко Кацин. Тој во интервју за СТА изјавува дека решавањето на статусот на Косово мошне позитивно ќе влијае врз Македонија и како поттик за почеток на приемот на земјата во ЕУ, која во април 2008 година треба да добие и покана за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG