Достапни линкови

Продолжува напнатоста меѓу Западот и Русија


Напнатоста меѓу Москва и Западот продолжува пред престојните парламентарни и претседателски избори во Русија. Претседателот Путин денеска потпиша законот со кој се суспендира учеството на Русија во Договорот за Конвенционални оружани сили во Европа, а во Мадрид на Конференцијата на ОБСЕ, Русија ја обвини мониторинг мисијата за обоеност. ОБСЕ нема да ги набљудува неделните парламентарни избори во Русија.

Кремљ соопшти дека рускиот Претседател Владимир Путин го потпишал денеска законот со кој се суспендира учеството на Русија во Договорот за Конвенционални оружани сили во Европа. На овој договор се гледа како на камен темелник на европската безбедност. Москва тврдеше дека договорот не функционира бидејки новата верзија усогласена во 1999 година ја ратификувала само Русија, а не и членките на НАТО. Законот ќе стапи во сила на 12 декември и е последен потег во низата кои предизвикаат напнатост меѓу Москва и Запад пред парламентарните и претседателските избори во Русија.

„Ние не веруваме дека ниту една земја не треба да го напушти најголемиот европски договорот унилатерално.“

изјави американскиот дтржавен потсекретар Николас Барнс во Мадрид на дво - дневната министерска конференција на ОБСЕ на која Русија повика на реформи на изборниот мониторинг на ОБСЕ поради, според Москва, неговата обоеност што беше негирано од другите членки на организацијта ОБСЕ имено реши да не испраќа набљудувачи во Русија на престојните неделни парламентарни избори поради условите што ги постави Москва. Вашингтон смета дека рускиот предлог е неприфатлив бидејки ја ослабува посматрачаката улога на ОДИХР. Сепак Кристијан Строхал шеф на мониторинг мисијата на ОБСЕ – ОДИХР изрази надеж дека Организацијата за Безбедност и соработка во Европа ќе може да ги набљудува руските претседателски избори идната пролет.

„Ние секако се надеваме да бидеме поканети и тоа поканети на време и на начин кој ќе ни дозволи да ги набљудуваме претседателските избори.“

Тензии меѓу Русија и Западните земји предизвика и апсењто на лидерите на опозицијата, меѓу кои и лидерот на Обединетиот граѓански фронт и Друга Русија Гари Каспаров, кој вчера беше ослободен по пет дена притвор во Москва.

„Всушност ние влегуваме во една опасна фаза бидејки не е јасно до каде властите ке одат. Легалната ситуација по 2 декември ке биде нејасна. Средувањето на сметките во најтесниот круг на Путин започна. Не е јасно кој ке владее во претседателските избори на 2 Март и како ке владее. Во Русија има тотална негрижа за законските норми, кои ги напишаа тие самите и мене ми изгледа дека тоа води целата земја кон катастрофа.“
XS
SM
MD
LG