Достапни линкови

Донацијата е со цел успшена борба против криминалот и тероризмот, изјави Џилијан Миловановиќ


Владата на Соединетите Американски Држави и донираше опрема и материјали за обука на Министерството за внатрешни работи. Џилијан Миловановиќ Амбасадорот на САД во Македонија, истакна дека ова донација која е во вредност од околу 260 илјади американски долари е овозможена преку Меѓународната програма за помош и обука при криминалистички истраги ИЦИТАП на министерството за правда на САД,преку преставникот на ФБИ во Иницијативата за соработка во Југоисточна Европа, Европската команда на министерството за одбрана на САД и програмата на Стејт департментот за помош при антитероризам:

„Задоволтво ми е што сум денеска овде за уште еднаш да ја покажам силната и практична посветеност на Соединетите држави кон спроведувањето на законот во Макеоднија. Денешната донација претставува значаен опиплив придонес во помагањето на напорите на владата на Македонија да се справи со организираниот криминал, граничниот криминал, корупцијата и тероризмот.“

вели Миловановиќ и додава дека оваа донација е дополнување на претходната донација од јануари, кога за Владата на Македонија беше обезбедена обука и опрема во висина од 300 илјади американски долари:

„Оваа опрема и обука дополнително ќе го зголеми капацитетот на Македонија за спроведување на законот, опфаќајки ги потребите на единиците за спроведување на законот вклучени во борбата против организираниот криминал, прекуграничаниот криминал, корупцијата и тероризмот.“

Ова донација уште еднаш покажува дека добрата соработка помеѓу САД и Македонија и понатаму продолжува рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска:

„Ја користам оваа прилика да ја потенцирам улогата и заложбите на владата на Соединетите држави која посветува особено внимание на развивање на обуките и обезбедување на опрема, со цел засилување на капацитетите, модернизација и професионален развој на македонската полиција.“

Јанкуловска исто така истакна дека уште од 2000 година САД се залага за зајакнување на професионалните капацитети на МВР.

„Искрено сум уверена дека овој пакет на донација ќе овозможи драгоцени алатки кои ќе се користат во разрешувањето на критично важните прашања во секојдневната работа на полицијата.“

објаснува Јанкуловска.
XS
SM
MD
LG