Достапни линкови

logo-print

Прогрес во политичкиот дел од обврските


Македонија ставена под лупа на НАТО претставниците чии посети на земјава и контакти со државниот врв стануваат се позачестени. Денеска во Македонија пристигнува амбасадорот на Велика Британија и Северна Ирска во НАТО Стјуард Елдон, на средба со претседателот Бранко Црвенковски. Нема детални информации околу содржината на разговорите, но се очекува дека тоа ќе биде собирање информации околу реформите, и веројатно последни препораки на што да се фокусираат активностите до самитот во Букурешт. При неодамнешната посета на Брисел, министерот за одбрана Лазар Еленовски вакви средби оствари и со амбасадорите на Германија и Холандија во Алијансата. Прогрес во политичкиот дел се бара речиси во секоја од нив. Треба да направите повеќе во областите на политиката, законодавството, Охридскиот договор. Има уште многу работа, а времето е ограничено е духот на пораките. Таква беше и онаа од претседателот на парламентарното Собрание на НАТО Жозе Лело при посетата на Македонија пред неколку дена.
XS
SM
MD
LG