Достапни линкови

logo-print

Македонија ставена во сендвич, оценуваат аналитичарите


По завршувањето на преговорите меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово без конечно решение и се погласните најави дека покраината ќе прогласи незвисност еднострано на што Белград најавува санкции кон земјите кои ќе ја признаат независноста од македонскиот државен врв велат дека ќе се чека рекацијата на Соедните Американски Држави и Европската Унија и НАТО. Претседателот Црвенковски неколку пати истакнуваше дека во случај унијата и НАТО да немаат заеднички интситуцинален став Македонија нема да избрзува со признавањето на независнора бидејќи на земјава и е важно да имаме добри односи и со Приштина, но и со Белград. Црвенковски пак последниве денови ја засили својата регинална актиност. По минатоделната средба во белград со неговиот спрекси колега Борис Тадик задутре тој прпат ке прими косовки претсеадтел. Според најавата негов гостин ке биде Фатмир Сејдиу.

Според аналитичарот Биљана Ванковска одамна е јасно дека исходот од преговорите ке биде ваков а дека Европската Унија нема да има заеднички став. Поради тоа смета таа државниот врв не си помага со изјавите дека ке ги чекаме реакциите на големите сили.

„Ќе се оди на веројатно билетарно признавање, односно држава по држава, онака како што ќе ги оценат своите национални интереси. Е, сега, ние тука дефинитивно сме ставени во сендвич, помеѓу балансирање околу потребата да се признае Косово, не толку заради регионалниот мир, колку заради внатрешниот мир во Република Македонија. Од друга страна, во регионален контекст ќе си создадеме еден моќен непријател. Србија секако нема да стои индолентно во однос на тоа што се случува.“

Иљбер Сеља професор на универзитетот на Југоситочна Европа со спротивен став во однос на реакциите од Белград

„Па нема да биде опасно, затоа што ако Косово е независно, тогаш и во Србија ќе дојдат демократски сили и ќе ја поведат и Србија кон евро интеграција.“

И додека Ванковска смета дека признавањето на Косово нема да ни го обезбеди домашниот мир, а Сеља е со став дека тоа позитвно ќе се дорази на безбеднсен и економски план британскиот весник Гардијан анализира дека Балканот се наога во најголема криза по 1999 година.
XS
SM
MD
LG