Достапни линкови

Њујорк: Разговори меѓу Бан Ки Мун и Хавиер Солана за Косово


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и Евро комесарот за безбедносна и надворешна политика Хавиер Солана вторпат за три дена разговараа за претстојните чекори на меѓународната заедница за решавање на косовската криза. Детали од разгиоворите нема, а според дипломатски извори Бан и Солана вчера во Њујорк и пред два дена во Вашингтон разговарале за случувањата по 10 декември отатко преговарачката тројка ќе го достави извештајот за преговорите меѓу Белград и Приштина, како и за начинот на кој идната мисија на Европската Унија ќе ја преземе покраинската администрација од УНМИК.
XS
SM
MD
LG