Достапни линкови

Исламабад: Мушараф избран за претседател на Пакистан


Первез Мушараф денеска официјално е избран за Претседател на Пакистан на церемонија пренесувана од државната телевизија. Со тоа започна вториот пет годишен мандат на Мушараф, но овој пат како цивилен Претседател по оставката како шеф на генералштабот. Тој дојде на власт со преврат пред 8 години, а опозицијата која и натаму ја оспорува неговата легитимност бара од него да ја укине вонредната состојба од 3 ноември.
XS
SM
MD
LG