Достапни линкови

logo-print

Помалиот ДДВ ја зголеми побарувачката за компјутери


По владината одлука за намалувањето на данокот на додадена вредност за компјутерите и компјутерските делови од 18 на 5 проценти и доделувањето на ваучерите на апсолвентите за набавување на компјутери,фирмите кои се занимаваат со овој бизнис задоволни од досегашната побарувачка на граѓаните за купување на компјутерски конфигурации.

„Оние домашни купувачи, студенти, ученици, фамилии со помали примања може да си дозволат солидна конфигурација што ќе ги задиволи потребите за поврзување на Интернет, работење во домашни услови за едукација на фамилијата информатичка.“

„Апсолутно е зголемена побарувачката, задоволен е и крајниот потрошувач затоа што плаќа помалку,“


велат Даме Цветковски и Даниел Богданов

Зголемената побарувачка на компјутери според Богданов нема да им преставува проблем на фирмите во Македонија за навремено доставување на конфигурациите.

„Нашата бранша може да се справи и со оваа колиичина и со далеку поголеми количини. Нема недостаток на стока и слично. Ја следиме побарувачката на пазарот.“

Цветковски пак споредувајки ги цените на компјутерите во земјава со државите од регионот, вели дека во републикава тие се меѓу пониските.

„Јужниот сосед, член на ЕУ, таму цените се доста повисоки. Секако дека таму клиентите кои купуваат инсистираат и на повисоко ниво на сервис во гарантниот и пост гарантниот период, а кај нас сеуште е главна цената.“

Граѓаните кои беа присутни на Меѓународен саем за компјутери, телекомуникации и литература-ИНФОКОМ задоволни од понудите,но сепак како што велат тие цените сеуште не се прилагодени на македонскиот стандарт.

„Цените се тие, стандардот е низок.“
„Доста е добро, има доста понуда, има што да се види.“


Инаку на саемот ИНФОКОМ кој се одржува по тринаесети пат во комерцијалниот дел, што ќе се одржува во првата саемска хала, ќе се претстават 70 фирми од 15 земји.
XS
SM
MD
LG