Достапни линкови

Нема политичка волја и доблест за решавање на судските прашања, оценуваат експертите


Неопходно е политичката волја за реформи за која говорат претставниците на речиси сите политички партии да почнат и да ја реализираат, порачуваат експертите говорејки за застојот на реформите од што следи нецелосен состав на Судскиот совет, Уставниот суд, нефункционирање на Управниот суд чии судии неодмана беа избрани, а не можат да работат поради немање простории, потоа неусвојување на нови законски решенија за јавното обвинителство. Според нив со овој начин на работа оствааат впечаток дека не сакаат да го реализираат основното начело на реформите, а тоа е деполитизција на правосудната област

„Не се работи за некои тешки прашања за државата за да не може да се решат. Напротив, ова се едноставни, системски прашања, во надлежност и одговорност и на владата и на парламентот. На таа релација треба и да се решат. Меѓутоа, очигледно е дека повторно е во прашање политичката волја, нема доблест за решавање на кадровската политика,“

изјави Осман Кадриу од факултет за општествени науки кој е експерт за уставно правни прашања.

Професорот на Правниот факултет Владо Поповски кој е еден од уставотворците смета дека треба што е можно побрзо да се комплетира Уставниот суд, бидејки како што вели по оставките на двајцата судии што следеа по одлуката за ограничување на употребата на знамињата на заедниците, кредибилитетот на институцијата е доведен во прашање

„Ако одите по оние формално правни норми имаат мнозинство во составот, може да одлучуваат, но секогаш се доведува во прашање авторитетот на таквите одлуки со оглед на тоа што не е целосен составот. Би требало што побрзо да се пристапи со избор на двајца уставни судии и тој да се комплетира.“

Деновиве претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски со писмен допис до Собранието укажа дека треба составот на судот да се комплетира. Од надлежната собраниска комисија велат дека еден од двајцата уставни судии треба да оди на предлог на ова тело, но претходно ке треба да се распише конкурс кој ке биде отворен 15 дена, по што ке следи предлогот на комисијата до собранието. Оттаму најавуваат дека оваа постапка ке заврши до крајот на годинава. Другиот предлог за уставен судија треба да го даде претседателот Бранко Црвенковски. Од кабинетот на шефот на држвава велат дека во тек се консултации, по кои предлогот веднаш ке биде доставен до Собранието.
XS
SM
MD
LG