Достапни линкови

Букурешт: Уставниот суд ја оцени како противуставна наредбата на Владата за блокирање на истрага


Романскиот Уставен суд како противуставнa ја оцени наредбата на Владата, која неколку недели ги блокира истрагите против неколку министри, осомничени за корупција. Наредбата го замрзна функционирањето на комисијата, која е одговорна да ги дава мислењата на прашањето дали да се почне или не со истраги против министри-сегашни или поранешни. Претседателот Трајан Басеску остро ја критикуваше наредбата, истакнувајќи дека таа има за цел на членовите на Владата да им го остави полниот имунитет.
XS
SM
MD
LG