Достапни линкови

logo-print

Скопје: Мирен протест за одбележување на Денот на албанското знаме


Координативното тело за спас на знамето за денеска најави мирен собир на плоштадот Скендер бег во Скопје со цел да се одбележи денот на албанското знаме 28 ноември. Од координативното тело велат дека на собирот ке присуствуваат претставници од партиите на македонските албанци кои се во ова тело освен владеачката ДПА чиј лидер Медух Тачи како што јавуваат агенциите ќе присуствува на свеченоста што ќе биде организирана во албанскиот приморски град Валона, каде што во 1912 година Исмаил Ќемали, потоа избран за прв албански премиер, ја прогласил независноста и го развеал албанското знаме. И во другите градови низ македонија каде мнозинството жители се албанци се најавени слични прослави за одбележување на денот.
XS
SM
MD
LG