Достапни линкови

Започна претседателската кампања во Грузија


Кампањата за претседателски избори во Грузија закажани за 5 јануари започна. Неодамна претседателот Михаил Саакашвили поднесе формална оставка од функцијата за да може како кандидат да учествува во изборната кампања. Истовремено, илјадници антивладини демонстратори ги завзедоа улиците на Тбилиси и бараа да им се дозволи на опозициските медиуми во земјата повторно да работат.

Веќе се познати потенцијалните кандидати за грузиските претседателски избори. До 6 декември тие треба да соберат 50 000 потписи од своите поддржувачи, за да можат да се сметаат како официјални кандидати. Неколкумина потенцијални кандидати веќе објавија дека ќе се вклучат во претседателскта трка. Меѓу нив се лидерот на Лабуристичката партија Шалва Нателашвили, лидерот на Новите десничари, Давид Гамкрелидѕе, бизнис тајкунот Бадри Патаркатшвили и неколку други независни кандидати. И актуелниот претседател Михаил Саакашвили ги пополни правните барања за кандидатура, по што власта му ја предаде на спикерот на грузискиот парламент, Нино Бурјанадѕе.

„Сите знаете дека ја почнавме кампањата на 26 ноември. Моите надлежности ги предавам на претседателот на парламентот Нино Бурјанадѕе во следните 40 дена. А јас ќе бидам вклучен во претседателските избори.“

рече Саакашвили

Еден од значајните фигури во опозицијата Леван Гачечилзадзе, кандидат кој го понуди обединетета опозиција е исто така потенцијален претседател на Грузија.
Во време кога Грузија се подготвува за претстаојните избори, илјадници симпатизери на опозицијата протестираат и бараат повторно отворање на опозициската телевизиска станица Имеди, која беше затворена по насилното задушување на антивладините протести во земјата на 7 ноември. На митингот, Гачечиладзе го повика моменталниот претседател да ги послуша барањата на опозицијата.

„Сакаме парламентарниот спикер и актуелниот претседател Нино Бурјанадѕе да преземе итни мерки за повторно пуштање во етер на телевизијата Имеди, итни мерки за намалување на притисокот врз медиумите и за ослободување на луѓето од затворите. Во спротивно ќе ги преземеме истите мерки и ќе го истераме Бурјанадѕе.“

Претседателот Саакашвили во интервју за конкурентната телевизија на Имеди изјави дека телевизијата била затворена поради тоа што претставувала машина за лаги. Тој соопшти дека ќе и биде дозволено повторно да работи, само кога ќе престане да биде оружје во рацете на нејзиниот основач, главниот финансиер на опозицијата, Бадри Петаркаташвили.
XS
SM
MD
LG