Достапни линкови

logo-print

Очигледно на некој не му одговара интегрирањето во евроатлантските структури


И по интензивирањето на критиките и укажувањата дека е потребна конструктивност во политичкиот дијалог и воопшто на политичката сцена, политичарите во земјава остануваат на своите ставови и продолжуваат со мегусебните обвинувања. Тоа го покажува и собраниската расправа за извештајот на Европската комисија:

,,Овде оцигледно проблемот е во претседатело на владата кој ја претставува Република Македонија. Јас одговорно тврдам дека Никола Груевски не бесе заинтересиран ниту минатата година, ниту оваа година да имаме датум за отопоцнуванје на преговорите затоа сто со тоа ке изгубесе дел од комодитетот, и ке морасе својата политика од популистицка да ја направат прагматицна.,,

,,Бараат вина во сите други, а во себе не бараат. Да ги прасам колегите од СДСМ сто тие направија оваа година и пол.,,

Рекоа на собраниската седница Владо Бучковски од опозициската СДСМ и Јагнула Куновска од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.Мегународните претставници продолжуваат со укажувањата да се работи на постигнување на стандардите, а не на барање алиби или вина кај другите. И евроамбасадорот Ерван Фуере во интервјуто за Радио Слободна Европа рече:

,,Она што прецизно го бараме е сите партии да не губат време и да се обвинуваат мегу себе, многу подобро за владата и за сите партии е да го прифатат извештајот како свој и да го искористат за постигнување прогрес, одговорноста е заедничка, не станува збор за вина на владата или за вина на опозицијата.,,

Пратеникот од Либералната партија и поранешен претседател на Собранието Стојан Андов смета дека за да се надмине оваа ситуација потребно е посилно лидерство во спротивно ке продолжи трендот на мегусебни обвинувања:

,,Тука треба врвните раководители во дрзата да го променат стилот и да ги свакаат пораките. Според аналитичарот Јован Донев оваа ситуација е резултат на криење на вистинската определба, очигледно на некој не му одговара интегрирањето во евроатлантските структури.,,

Според аналитичарот Јован Донев оваа ситуација е резултат на криење на вистинската определба, очигледно на некој не му одговара интегрирањето во евроатлантските структури:

,,Прво прасанјето е дали се тие искрени, дали сакаат Македонија да биде цленка на НАТО и ЕУ. Ако постојано отварате некои прасанја, ако постојано барате несто плус тоа веке ја доведува во прасанје довербата.,,
XS
SM
MD
LG