Достапни линкови

Софија: Српската делегација предводена од вице-премиерот Божидар Ѓелиќ го напушти Самитот на ЦЕИ


Српската делегација, предводена од вице-премиерот Божидар Ѓелиќ, го напушти Самитот на ЦЕИ во Софија поради излагањето на албанскиот премиер Сали Бериша во кој тој го нападнал Белград во врска со прашањето на Косово. Ѓелиќ побарал од сите учесници на Самитот да изразуваат почитување на територијалниот интегритет на Србија, нагласувајки дека собирот не е место на кое треба да се расправа за прашањето за статусот на Косово. Како што МИА неофицијално дознава, Бериша возвратил дека Косово не е внатрешен проблем на Србија, туку регионален. По ова српската делегација ја напуштила пленарната сала на Самитот на ЦЕИ во Софија.
XS
SM
MD
LG