Достапни линкови

Баден: Продолжуваат три дневните преговори за идниот статус на Косово


Во Баден – Австрија денеска продолжуваат три дневните преговори за идниот статус на Косово со посредство на тројката на Контакт групата. На вчерашниот прв ден од оваа последна рунда немало приближување на крајно противставените ставови на Белград и Приштина. Европскиот преставник Волфганг Ишингер пред почетокот на преговорите изјави дека не очекува продолжување на преговорите во какви било рамки по 10 декември доколку двете страни не постигнат договор. Преставникот на Русија Александар Боцан Харченко пак денеска изјави дека за продлжување на преговорите по 10 декември се потребни многу силни аргументи.
XS
SM
MD
LG