Достапни линкови

Конференцијата е почеток на преговарачкиот процес


Американскиот Претседател Џорџ Буш изрази оптимизам пред денешната конференција за Блискиот исток во Анаполис – Мериленд. Буш предупреди дека постигнувањето израелско – палестински мир бара тешки компромиси. Конференцијата е почеток на преговарачкиот процес и на неа се гледа како на големем успех на американската дипломатија да собере голем број арапски држави.

Зборувајки на вечерата за учесниците на блиско – источната мировна конференција, американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека е охрабрен од големиот број партиципиенти од Блискиот исток и од другите земји.

,,Ние имаме заедничка цел – Две демократски држави, Израел и Палестина да живеат една покрај друга во мир и безбедност. Постигнувањето на оваа цел бара тешки компромиси. Израелците и Палестинците избраа лидери спремни да ги направат овие компромиси.,,

Буш пред денешната Конференција во Анаполис одржа одвоени средби во Белата Куќа со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и претседателот на палестинската власт Махмуд Абаз во обид да ги доближи ставовите за рамката за идните преговори. Олмерт одговори дека исто така е охрабрен од широкиот спектар гости во Анаполис. прв таков собир организиран од Соединетите Држави по 7 години.

,,Се надевам дека ќе започнеме сериозен процес на преговори меѓу нас и палестинците. Тоа ќе биде билатерален процес со меѓународна подршка, која е многу важна за нас. И ви благодарам на напорите да не доведете до точка од која ние и палестинците ќе продолжиме заедно во Ерусалим за да постигнеме нешто добро и надежно за нашите народи.,,

На разговорите со палестинскиот претседател Махмуд Абаз, американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека Вашингтон може да помогне но дека тешката работа ги чека двете страни. Абаз, како и Олмерт изрази оптимизам дека мировниот процес може да довде до договор за безбедност и мир.

,,Имаме голема надеж дека од Конференцијата ќе произлезе договор за воспоставување преговори што ќе води кон мировен договор меѓу израелскиот и палестинскиот народ – договор кој ке обезбеди безбедност и стабилност.,,

На Конференцијата за Блискиот исток во Анаполис присутни се и преставници на Г 8, Обединетите Нации и Европската Унија. За успех на американскаат дипллматија се смета што успеа да ги собере арапските држави на оваа конференција. Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџат. чија земја не е поканета, му порачал на Саудискиот Крал Абдула, арапите да бидат внимателни од можен заговор на ционистичкиот непријател, како што тој го нарекува Израел.
XS
SM
MD
LG