Достапни линкови

САД се надева дека преговорите ќе бидат насочени кон создавање палестинска држава


Соединетите Држави официјално објавија дека претседателот Џорџ Буш ќе биде домаќин на меѓународната мировна конференција за Блискиот исток, во Анаполис. Состанокот е прва мировна конференција меѓу израелските и палестинските сили во последните седум години. Вашингтон се надева дека преговорите ќе бидат насочени кон создавање на независна палестинска држава.

Соединетите Држави вложија многу труд во подготовката на состанокот. Тие се надеваат дека мировниот процес би го стабилизирал регионот каде што исламистичките групи поддржани од Иран постигнаа значителен прогрес во последните години. Тоа го вклучува преземањето на контролата врз појасот Газа од страна на Хамас.

„Оваа конференција ќе ја покаже меѓународната поддршка за храбрите напори на израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас и ќе послужи како почетна точка за преговори со можност за создавање на израелска и на палестинска држава.“

Повеќе од 100 официјални претставници се очекува да присуствуваат на состанокот. Но и покрај надежите за исходот од конференцијата остануваат отворени многу прашања. Како на пример кој од арапската страна ќе дојде.
Неодамна израелскиот премиер Олмерт понуди одредени отстапки за да ги охрабри арапските земји да учестувуваат на конференцијата. Тој ослободи стотици палестински затвореници и ја прекина изградбата на нови еврејски живеалишта на палестинската територија. Но, Олмерт мора да биде претпазлив бидејќи владејачката коалиција зависи од две десничарски партии кои се противат на поголеми отстапки. И палестинскиот претседател Махмуд Абас се наоѓа во послаба позиција да прави отстапки. Со милитантното движење Хамас кое го контролира појасот Газа, тој мора да биде внимателен да не направи отстапка која ќе ги продлабочи судирите на палестинските ривалски фракции.
Сево ова значи дека еднодневната конференција во Анаполис ќе биде повеќе можност за повторно согледување на разликите, отколку за нивно надминување.

„Не ги занемарувам тешкотиите што секоја од страните се обидува да ги разреши. Но постои основно разбирање за одредени работи околу тоа што треба да се направи. Има зедничко рабирање околу тоа дека ова е моментот кога може да се смени сликата и да се почне со сериозни преговори. И ова е од огромно значење за секоја од страните, па затоа верувам дека преку оваа конференција тие ќе испратат сигнал до меѓународната заедница за поддршка во мировниот процес.“

изјави американскиот помошник секретар за блискоисточни работи Дејвид Велч
Како и да е, дури и повторното согледување на разликите ќе биде проверка за тоа како стојат работите седум години по последниот обид на Соединтетите Држави
да изградат мост за разбирање меѓу Израел и Палестина.
XS
SM
MD
LG