Достапни линкови

ЕЛЕМ не ги отфрла можностите за инвестирање во нуклеарни капацитети во регионот


ЕЛЕМ се залага за изградба на енергетски капацитети дома, но не ги отфрла можностите за инвестирање во нуклеарни капацитети кои што би се граделе во регионот, велат од акционерското друштво. Конечна одлука за финансиско учество кое што треба да се донесе на ниво на влада сеуште нема, ова се ставовите на надлежените откако не само Бугарија најави изградба на Белене, туку неодамна и нашиот западен сосед Албанија излезе со слична најава. Надлежените и експертите се согласни дека Македонија нема пари сама на своја територија да изгради нуклеарна централа. Според професорот од Машинскиот факултет Константин Димитров за изградба на нуклеарка потребни се најмалку два милиони евра:

„Македонија веројатно нема доволно финансиски средства за да пристапи кон изградба на таква постројка. Таа е многу скапа. Беше мудро и мудро е сеуште ако Македонија учествува во изградбата и стане сопственик да речеме на десет проценти од нуклераната централа Белене, под услов да се направи договор на 20 30 години да користи енергија по определена пониска цена, а таков пример имавме и порано кога еден блок од Косово работеше за потребите на Железара.“

вели Димитров кој додава дека енергијата која што би се добила од нуклерна централа е најисплатлива досега. Тој тврди дека изградбата на такви капацитети неможе да и наштети на животната средина на државава:

„Нуклераната енергија не ја загадува околината. Постои само опасност од инцидент. Инцидент, постојат толку многу нуклеарни централи во светот кои што се многу блиску до големи градови и не се случиле. Досега имаше само еден катастрофален инцидент во целата историја на оваа енергетика.“

За разлика од него, еколошките здруженија тврдат дека нуклеарките се многу штетни за здравјето на луѓето бидејќи предизкуваат канцерогени заболувања. Ненад Коциќ од Вила Зора вели дека доколку се изградат нуклеарни централи во Албанија и Бугарија, македонските граѓани ќе го почуствуваат тоа врз своето здравје:

„Ние сме толку мала површина, мислам како Балкан што апсолутно не постои начин да се заштитиме од штетното зрачење на нуклеарните централи. Така да би очекувале рапидно зголемување на овие малигни заболувања кај граѓаните.“

вели Коциќ.
XS
SM
MD
LG