Достапни линкови

Загреб: Според првичните резултати водство на ХДЗ


На вчерашните парламентрани избори во Хрватска, според последните нецелосни резултати што ги соопшти Државната изборна комсија, Хрватската демократска заедница освоила шеесет, додека опозиционата Социјалдемократска партија пеесет и седум места во Саборот. Агенциите додаваат дека иако се нецелосни, овие резултати би можело да се сметаат за сигурни со оглед на тоа што се обработени девеесет и пет насто од гласачките места. Саборот има сто пеесет и три места, а новата влада ќе може да ја формира партијата која ќе обезбеди поддршка од најмалку седумдесет и седум пратеници.
XS
SM
MD
LG