Достапни линкови

Романија: Избори за претставници во Европскиот парламент


Во Романија денеска се одржуваат избори за претставници во Европскиот парламент, првпат откако земјата стана членка на Европската Унија. Според пропорционалниот систем на Унијата, Романија има право на 35 пратеници во парламентот. Паралелно со изборите за Европскиот парламент се одржува и референдум за мнозинскиот изборен систем што го предлага претседателот Трајан Басеску. Моделот би требало да обезбеди поголема одговорност на политичарите кон гласачите и да ја сузбие корупцијата во врвот на власта.
XS
SM
MD
LG