Достапни линкови

logo-print

Русија: Полицијата уапси стотина приврзаници на опозицијата


Полицијата во Санкт Петербург уапси стотина приврзаници на опозицијата во протестите кои една недела пред парламентарните избори во Русија ги забрани претседателот Владимир Путин. Како што јавуваат агенциите, припадниците на специјалните единици на полицијата претепале неколку опозициски активисти, а ги привеле двајцата лидери на Унијата на десничарски сили, Борис Немцов и Никита Белух. Во вчерашните протести во Москва, беше уапсен и осуден на пет дена затвор рускиот опозиционер и поранешниот шампион во шах Гари Каспаров.
XS
SM
MD
LG