Достапни линкови

Грузија: Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска поднесе формална оставка


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска поднесе формална оставка од функцијата за да може да се регистрира како кандидат на претседателските избори на 5 јануари. Неговиот портпарол Вано Нонијашвили изјави дека неговата оставка е формалност поради тоа што ќе учествува во претстојната претседателска трка. Опозициските лидери во Грузија денеска повикаа на митинг во знак на протест поради затворањето на најголемата опозициска телевизија во земјата. Затворањето на телевизијата на почетокот на месецот следеше по прекинувањето на опозициските протести во Тбилиси од страна на полицијата.
XS
SM
MD
LG