Достапни линкови

Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во Македонија. Дијалогот единсвен начин за надминување на недовербата меѓу партиите и етничките заедници


Г-не амбасадоре, извештајот на ЕК содржеше многу забелешки за начинот н акој се води политиката во оваа земја. Затоа мислам дека беспредметно да зборуваме з ареформите додека не разјасниме што е тоа што ја создаде кризата, каде запнаа работите?

Мислам дека е важно да зборуваме за реформите, затоа што само преку реформите можат да се надминат очигледните потешкотии кои постојат во овдешниот политички амбиент. Не смееме да заборавиме дека земјата има направено значителен напредок во последниве години и врз основа на тој напредок ЕУ одлучи да и го додели на земјава кандидатскиот статус. Тоа беше препознавање на подготвеноста на сите лидери.. Очигледно работите се забавија во последнава година и сега е императив за нас да ја потсетиме земјата кадидат на нејзините одговорности а македонската влада мора да направи се што е можно да го надомести изгубеното време и да ја демонстрира нејзината подготвеност -заедно со сите политички партии вклучувајќи ја и опозицијата , тие мора да играат конструктивна улога да се имплементираат сите реформи кои сеуште недостасуваат а кои имаат витално значење за идната стабилност и економскиот просперитет на земјата и кои се важни за придружувањето кон ЕУ.

Да, но како што забележувате и реакциите на извештајот беа дочекани во истиот стил, продолжуваат меѓусебните обвинувања за лошите оценки. Дали препознавате конкретна вина за ваквата сосотјба?

Она што прецизно побаравме од сите партии е да не губат време во меѓусебни обвинувања. Многу подобро за владата и за сите партии е да го прифатат извештајот како свој и да го искористат за придвижување нанапред. Така што одговорноста е заедничка. Не станува збор за вина на Владата или за вина на опозицијата , одговорноста им припаѓа на сите нив и мислам дека би било погрешно ако се префрли вината на опозицијата или слично. Сите партии имаат заедничка одговорност да покажат подготвеност за постигнување напредок. И колку побрзо го направат тоа толку побрзо земјата ќе напредува кон следната етапа од процесот на приближување кон ЕУ.

Но како што гледате нема изгледи да се подобри кохабитацијата, ниту пак односо власт опозиција а имавме и недолично однесување во Парламенот. Гледате ли начин работитет да се сменат?

Јас не би го нарекол недоличен, јас би го нарекол агресивен и тотално непарламентарен јазик , јазик кој ние не го очекуваме од функционирањето на еден демократски парламент, од пратениците кои се избрани од граѓаните да ја вршат својата работа, а тоа што се случи минататa недела е пример за тоа дека пратениците не си ја вршат својата работа. Така што повторно мислам дека треба да се надмине очигледната недовреба која што постои меѓу некои од партиите и да им се укаже на тоа дека секогаш кога го критикуваат, напаѓаат другиот , тоа носи негативна забелешка на патот кон ЕУ. Така што, наместо да губат време да се обвинуваат меѓу себе , нека седнат, нека го погледнат извештајот и заедно нека помислат што да се направи за да се постигне напредок. Тоа граѓаните го очекуваат од нив и заради тоа тие гласале за нив.

Меѓутоа ние имаме проблем со довербата. Недовербата се проширува како што гледате и на интраетнички план. Што очекувате од ваквиот тренд во државава?

Недовербата потекнува од ниското ниво на дијалог меѓу партиите. Колку помалку има дијалог , толку повеќе има недоверба. И единствениот начин да се надмине недовербата меѓу партиите како и меѓу етничките заедници или во рамките на самите етнички заедници е низ дијалог, да седнат заедно и да се обидат да работат на надминување на разликите. Ако се закопаат во своите ровови и ако почнат да се конфронтираат мегу себе разменувајки навреди , тоа нема да ја одведе земјата никаде. Секако дека е можно сите политички лидери да увидат дека имаат огромна одговорност да ја претставуваат земјата која има кандидатски статус. Тоа го носи клучниот предизвик што мора да се исполни.

Во такви околности вие верувате во една таква реторика на Владата- ќе ги интензивираме или ќе ги удвопиме напорите да се завршат сите неопходни реформи?

Тие се избрана Влада, така што ако тие го преземат водството и ако опозицијата соработува, тогаш може да се постигне успех кој ќе биде придобивка за сите, не само за Владата, а тој успех ќе го дели и опозицијата. Мислам дека тоа е предизвикот со кој се соочува земјата во моментов. Извештајот покажа дека многу време е изгубено и сега и останува на Владата заедно со политичките партии да ја почувствуваат одговорноста да се постигне напредок. Некои од реформите се постигнати. Има значаен напредок во борбата против корупцијата но во останатите области како што се судските реформи има уште многу работа што мора да се заврши.

Една од постојаните забелешки што ни се упатуваат е деполитизацијата на државната администрација. Мислите дека земјава има најдено начин да ја заврши оваа задача?

Мора да има. Затоа што секој извештај што се однесувал на земјава потенцирал дека е неопходно целосно да се деполитизира јавната администрација. А исто така и политиката мора да се одвои од бизнис-опкружувањето. Сеуште има многу случаи кога поради мешањето на политиката , бизнис заедницата не може да се развива во нормални пазарни услови. И има многу притисоци врз регулаторната сфера ,а кога има недоволна јасност во регулативата тоа создава потешкотии во инвестициите. За нас е основно да се создаде администрација која е сервис на граѓаните и која е создадена врз основа на компетентност а не врз основа на политичка припадност. На тој начин вие би создале континуитет во јавната администрација каде што службениците нема да се чувствуваат толку резервирани да преземаат иницијативи а во моментов поради политизацијата вие ги имате тие пречки во некои министерства каде што службениците се колебаат во тоа затоа што можат да бидат критикувани или да го изгубат работното место при следната промена на власта. Токму затоа мора да се заврши тој долг процес на реформи во јавната администрација, тоа е од витално значење. Некои од земјите членки како што е Британија пружаат техничка помош. Тоа е нешто што навистина ќе и донесе неверојатен бенефит на земјата на долг рок а истото важи и за бизнис заедницата.

ЕУ побара доселдно спроведување на договорт од 29 мај но сеуште премиерот и ДУИ различно се изразуваат за овој договор. Колку е важен овој договор и воопшто како гледате вие на него?

Секако, очекувањата беа дека интензивирањето на дијалогот мегу владеачката ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе создаде клима за вракање на ДУИ во Парламентот како една од големите албански опозициски партии. Во секој случај ние сме против бојкотирањето. Бојкот не е никакво решение, за која и да е партија вклучувајќи го и бојкотот на ДУИ. Во моментов сме сведоци на напредок при донесувањето одлуки поврзани со комитетот за односи меѓу заедниците, како и кај законите поврзани со бадинтеровото мнозинство. Што се однесува до другите аспекти на согласноста мегу двете партии, како што е иницијативата за законот за јазиците и социјалниот пакет за ветераните на ОНА тука очекуваме да се постигне заедничка согласност ,што всушност се прави но очекуваме да се направи во колективен дух на компромис и желба за постигнување напредок.Овде сеуште има работа.Од друга страна важноста на градењето доверба мегу партиите мора да биде почитувано од сите не само од едната страна.
.
Што очекувате од формирањето на советот за евроинтеграции и дали гледате политичка воља во македонија тој навистина да профункционира?

Навистина е позитивно што тоа беше прифатено од сите парламентарни партии и тоа е важен механизам кој се надевам ќе ја зајакне одговорноста и свеста за тоа што треба да сторат владата, политичките партии, невладините организации и бизнисот заедницата за да ги постигнат барањата на придружувањето кон ЕУ. Затоа сите ние ова го поздравуваме како важен чекор кон зацврстување на свеста и воопшто не е важно чија е иницијативата, важно е дека постои и дека ке ги сплоти главните актери во општеството и ке биде придвижувач и лоби и ќе ги донесе реформите до целта за да и помогне на земјата да го надомести изгубеното време.

Какви импликации врз земјава очекувате во косовскиот контекст, пред или по 10 декември?

Колку повеќе се засилува регионалната стабилност, толку помалку негативни импликации ќе има од развојот на настаните на Косово. Ние секако ги поздравуваме напорите на Владата да придонесе кон регионалната стабилност. Таа е најголем трговски партнер на Косово, има исто така важни трговски релации со Србија, но како и да е, безбедносната состојба мора внимателно да се набљудува од двете страни на границата, мора да се вложуваат напори да се елиминираат сите криминални елементи што постојат, а исто така да се внимава овие елементи да не се злоупотребуваат за политички цели. Влегуваме во една многу чувствителна фаза.
XS
SM
MD
LG