Достапни линкови

Граѓаните и аналитичарите незадоволни од кампањата


Во Хрватска в недела ќе се одржат парламнетарни избори. Од кампањата на политичките партии не се задоволни ниту аналитичарите, ниту граѓаните. Според нив, наместо тежиштето на партиите да биде ставено врз предлозите за решавање на горливите проблеми на граѓаните, најмногу време било потрошено нарасправата за гласањето на таканаречена дијаспора.

Кампањата за шестите по ред парламентарни избори во Хрватска падна на ниски гранки, вели аналитичарот Давор Џенеро, додавајќи дека уште еднаш се покажало дека хрватските партии не функционираат како демократски организации.

„Ви се случува медиумите да ве затрупуваат со многу празни пораки без содржина кои се направени врз пониско професионално ниво од претходните избори.“

Токму партиските пораки се цел на анализата што ја прави невладината организација за надгледување на изборите Гонг.

„Во изминатата недела забележавме во оваа кампања дека избирачите немаа некоја поголема можност да дознаат конкретни работи за она што го нудат партиите. Тоа пред се беа некои партиски препукувања, а граѓаните беа ускратени за вистинска информација за тоа како да бидат решени економските проблеми, здравствената и социјалната заштита.“

Вели заменик претседателот на Гонг Драган Зелиќ. На крајот, според анализата на Гонг, главна тема на кампањата станал проблемот со гласањето на таканречената дијапора, односно хрватите од Босна и Херцеговина. Писателот Миленко Јерговиќ вели дека тие не би требало да гласаат, но предупредува и на тоа дека Социјалдемократската партија на Хрватска и нејзиниот нов шеф Зоран Милановиќ со својата негативна кампања шират омраза спрема хрватите во Херцеговина.

„Господин Милановиќ не воведе нов стереотип во хрватскиот политчки живот, туку само го заостри. Тој само го отвори овој политички проблем, но не понуди како да го реши.“

Вели и аналитичарот Давор Џенаро. Граѓаните пак, изразија замор од кампањата:

„Кампања како кампања. Ништо поинаква од пред четири или осум години. Премногу пари за ништо. “

„Мислам дека кампањата е без врска, дека некои партии играат нечисто. “

„Кампањата е најголемо зло што ни се случи овој месец. Таа е лоша, како и двете главни партии. Какви партии таква кампања.“
XS
SM
MD
LG