Достапни линкови

Пале: Извршен претрес во куќите и становите на семејството на Радован Караџиќ


Војници на меѓународните сили во Босна изутрината во Пале почнале претрес во куќите и становите на семејството на поранешниот лидер на босанските срби, Радован Караџиќ, кого Хашкиот трибунал го товари за воени злосторства. Пред неколку дена меѓународните сили извршија претрес во станот на Драган Шојиќ во Пале, поради сомневање дека е дел од мрежата за поддршка на двајцата најбарани обвинети од Хашкиот суд, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.
XS
SM
MD
LG