Достапни линкови

Киев: Прва сесија на Парламентот по изборите во септември


Украинскиот парламент ја почна првата сесија од изборите во септември. Премиерот Виктор Јанукович веднаш ја соопшти оставката на неговата влада со оглед на победата на двете партии од таканаречената Портокалова револуција која пред три години го донесе на власт претседателот Виктор Јушченко. Станува збор за Наша Украина и за блокот што го предводи Јулија Тимошенко. Според аналитичарите, Јушченко не сакал Тимошенко да биде нов пример. Пред две години таа по осум месеци како премиер беше сменета од шефот на државата Јушченко.
XS
SM
MD
LG