Достапни линкови

Исламабад: Пакистан ќе го преиспита своето идно членство во Комонвелтот


Пакистан соопшти дека ќе го преиспита своето идно членство во Комонвелтот откако таа земја денеска беше исклучена од оваа организација на пеесет и три држави кои порано биле британски колонии. Исклучувањето беше образложено со тоа што претседателот Первез Мушараф не го испочитувал барањето за укинување на вонредната состојба во земјата. Претходно, пакистанскиот Врховен суд го отфрли барањето да расправа за вонредната состојба со објаснување дека тоа е чекор за доброто на државата и на народот.
XS
SM
MD
LG