Достапни линкови

Дубровник: Претеседателот Бранко Црвенковски на економски форум на земјите од ЈИЕ


Членството на Македонија во Европската унија зависи од нас. Ако ги спроведуваме реформите и брзо ги исполниме условите, брзо ќе добиеме и одговор за тоа кога ќе го добиеме датумот за преговори, изјави синока во Дубровник македонскиот претседател Бранко Црвенковски кој учествуваше на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа. Тој истакна дека следна шанса за добивање датум за отпочнување преговори за членство на Македонија во Унијата е извештајот од 2008 година. Кога би одело она сценарио, кое што за нас е најдобро, тогаш можеме да очекуваме да биде даден предлог за доделување датум за самиот крај на 2008, односно на почетокот на 2009 година, потенцира Црвенковски.
XS
SM
MD
LG